ВМРО-ДПМНЕ: Наместо во нови инвестиции РЕК Битола фрли еден милион евра за три дена во буниште

СДСМ со лаги и манипулации се обидува да ја затскрие својата неспособност и неработа. Доколку е така како што се правда СДСМ, зошто немаше чести испади на блокот 1 во РЕК Битола во 2017 година, туку испадите станаа секојдневие откако СДСМ почна да го полни РЕК со партиски војници.

Партизацијата која ја спроведуваат на големо ја зема својата цена. Партизацијата на СДСМ, РЕК Битола за само 3 дена го чини 1 милион евра.

РЕК Битола и буџетот на Македонија не се бура без дно. Ефикасното менаџирање со човечките ресурси и државниот имот е обврска за менаџментот на претрпијатијата.

Недозволиво е претпријатието кое ја крепи македонското електростопанство да се менаџира со толкав степен на несериозност.

СДСМ и нивните кадри се неспособни, затоа треба да си заминат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *