Маркетинг концепт во менаџирање со човечкиот и материјалниот потенцијал (1)

Примената на Маркетингот во организациона смисла почнува да се применува од шеесете години на минатиот век применувајки го во многу области од секојдневното работење како на пример во здравството ,образованието,културата, социјалните установи и други области.
Како формална дисциплина маркетингот се јавува уште во 1971 година во книгата на F Kotler и Edvard L Robert .Постојат повеќе правци во желбата максимално да се искористи маркетингот но за нас најпознат и најблизок е онај што беше користен во комерцијални цели со цел зголемување на профитот односно максимално искористување на човечкиот и материјалниот потенцијал нивно зависно функционирање и остварување на што поголем профит .Но да не заборавиме да ја спомениме улогата на маркетингот во непрофитабилните активности како на пример во образованбието , културата , верските институции , политичките активности и тн. што токму за таа цел се развиени и прилагодени бројни маркетинг пристапи во насока на задоволување на корисникот,осмислување на комуникацијата на организацијата со опкружувањето и осигурување на вкупниот квалитет на функционирање на целокупната организациона шема .
Но не треба и не можиме да наброиме се колку има потреба односно искористување на таквиот маркетинг концепт во поширокото општествено опкружување се со цел попстигнување на максимумот од нашето работење и искористување на човечките и материјалните ресурси а воедно добивање на максимален профит од она што како цел сме го задале и функционирање на истото во целина .
Сакаме во овој труд покрај другото да ставиме акцент на актуелните случувања и стремежот на секоја заедница за максимум менаџмент во маркетингот во поглед на заложбата за максимално вработување односно искористување на човечкиот потенцијал во општеството и намалување на невработеноста односно зголемување на општата благосостојбата на општеството.
Во сегашните современи услови на функционирање на секоја компанија истата мора постојано да се рилагодува на потребите на пазарот на желбата на купувачите за производите или услугите што ги нуди како на најдобар начин истите да ги задоволи односно да ја оствари својата мисија и цел и да оствари што поголем профит како би истата компанија останала на пазарот со успешно работење. Значи функционирањето тесно се поврзува со намалувањето на незапосленоста и прилагодувањето на човечкиот фактор на процесот на производство или давање на услуги. Денес правилното насочување на активностите од страна на менаџментот е повеќе од потребно бидејки на него се темели целокупната одговорност околу позитивното работење на компанијата и остварување на профит .Менаџментот мора да внимава на одговорноста што ја сноси кон работникот кон непосредниот чинител на производниот процес кој истиот тој работник допринесува со својот труд кој што го внесува во производот да се оствари профит односно да се одржи профитабилноста на самото претпријатие .Во тој контекст менаџментот мора да стимулира и мотивира желба кај непосредниот рабитник максимално да се заложи за извршување на призводниот процес односно успешно да го заврши работниот процес . Маркетинг менаџментот треба да биде потсистем на вкупниот работен менаџмент на компанијата односно двигател на тој процес а потребата од кадар односно работна сила максимално точно да се насочи како би се одбрал најдобриот работник на соодветното место .
Главна улога на на маркетинг менаџментот е во координација на побарувачката на пазарот на одредени производи и услуги како и финансиските средства и материјалните ресурси што се вложуваат во процесот на производство да направат координација односно нивно максимално искористување.
Маркетинг активностите треба да се насочат кон консолидација на организационата структура и функционирањето на компанијата како деловен субјект .Со текот на времето има еволуирање кон либерализација на пазарно ориентираните претпријатија односно своја апликација тоа би било и кон прилагодување на вработениот кадар во самата компанија или поточно кажано маркетиншкото делување на компанијата кон изнаоѓање на најсоодветен кадар потребен за максимално ефектуирање на производниот процес .Со текот на промените на пазарните законитости пазарот и условите во него стануваат покомплексни па и самиот однос на прилагодување на компанијата се менува и е приморан да ги почитува барањата на пазарот кои се повеќе од компексни .Сведоци сме на се поголем број на странски инвестиции односно технологија која прв пат е донесена во нашата држава па и на балканските Ју простори одтука се наметнува прашањето дали компанијата има потреба на обучен кадар која би го донесла однадвор односно активирање на потребата за вработување на работници кои би дошле од странство односно би биле спремни за почетно стартирање на производниот процес . Маркетин менаџментот и тука треба да се прилагоди кон современите концепти за изнаоѓање на соодветен кадар како би успешно стартовала компанијата со новцата технологија ои би се направила обука на вработените од домашниот пазар на работна сила .Вклучувањето во тој процес на Заводот за вработување преку своите тренинг капацитети и маркетиншкото делување за изнаоѓање на соодветен и квалитетен кадар поретребен за соодветниот производствен процес би значело чекор напред кон постигнување на целта за соодветната компанија .Значи се работни за непрофитна институција чија главна цел е задоволување на ипштествените интереси и затоа користењето на маркетингот за таа цел би го сместиле во општествен односно задоволување на општествените интереси кој исто така важен сегмент во секојдневното живеење.


Д-р Љупчо Бошевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *