Антиглобалист и Нобеловец – Џозеф Стиглиц

Џозеф Стиглиц – Економски експерт ,универзитетски професор ,добитник на Нобелова Награда за економија 2001 година , врв на интелектуалната класа во економските кругови , силен критичар на Глобализацијата , повременo и самиот e под остра критика од делови на економската фела особено кога во своите трудови го напаѓа капиталистичкиот систем и устројството на модерната глобализација

Неговите теории ги опфаќаат макро и микроекономските економски специфики каде дава пообемно објаснување за современите капиталистички пазарни законитости и ефектите од нив но истовремено потенцирајки дека истите се ефикасни само под одредени пазарни параметри односно предуслови како би можело функционирање на економските развојни елементи во современите економски процеси зафакајки ја сегашноста и иднината.
Нобеловата награда ја сподели со двајца свои колеги кои исто така имаат свој влог и работено на економската проблематика од областа на пазарните законитости во микроекономијата но поддршката ја дава на другата страна ,страната на економски мислители антиглобалисти кои своите трудови ги насочуваат кон критика на слабостите на современите пазарни движења на глобализацијата односно давајќи силен отпор на се она што е негативно во економските развојни процеси на Новиот Светски Глобален Поредок .
Неговите теории и отпорот што го даваше на Глобализираните текови на сегашните констелации на економски процеси го чинеше губење кариерен чекор, односно отстранување од Светска банка после јавното застанување зад антиглобалистите кои одржаа масовни протести во 1999 год во Сиетел на страната на антиглобализацијата .
Да не заборавиме дека Џозеф Штиглиц беше шеф на Одборот од економски советници во кабинетот на Бил Клинтон ,во моментот Тој е редовен професор на факултетот во Колумбија како и повремено со свои предавања учествува на престижниот факултетот во Пекинг што всушност претставува дел од неговите визитинг предавања и на останати престижни факултети во светот.
Пред извесно време назначен е за председател на Експертската комисија за реформа на монетарниот и финансискиот систем кое експертско тело во Економските кругови познато и под името Штиглицова Комисија.
Ова тело е основано по предлог и покровителство на Обединетите Нации
кое тело во сушност би било и е надзорен апарат над светскиот монетарен систем а воедно и над работата на Светска Банка и Меѓународниот монетарен фонд .Работата на ова е тело всушност е давање на напатствиа и насоки на членовите на меѓународните институции претходно споменати кое што би значело и би овозможило во иднина поправеден економски поредок во светскиот глобализиран пазар .
Сакајќи да ги прикаже реалните импликации од глобализацијата во економијата на неразвиениот свет каде што за сметка на брзиот економски развој на високо технолошки развиените земји и земји со голем капитал, земјите кои се во развој брзо тонат во своите економски проблеми не можејки да го следат наметнатиот брз економски тренд на економските џинови кои со својот капитал и со наметнатата хегемонистичка економска политика лесно ги истиснаа економиите на останатите слабо раздвижени економии.
Штиглиц во своите анализи низ научните трудови ја објаснува тезата за невидливата рака на либерализираната економија каде што главниот мотив е профитот а ефикасноста го прати тој цел процес од економски развој.
Најновите сознанија кажуваат дека онаму каде што имаме недоволно дефинирани пазари а тоа се случува во земји со слабо развиени економии
таа невидлива економска рака е недоволно усовршена а за да биде економскиот развој одржлив а во сето тоа постои само едно решение за излез а тоа е интервенција на државата во економските процеси односно со своите ингеренции и подршка кон економијата на таа земја да ги надмине проблемите кои би се јавиле .
Значи тука го пронаоѓа големиот економски мислител и колега со своите теории Адам Смит но неговата теорија за немешање на државата во економските процеси не се вклопува баш најдобро во сегашните услови на глобализирана економија односно недовршеноста или погрубо кажано неусовршените пазарни законитости во услови на глобализиран пазар во светски рамки.
Критичкиот осврт кон ММФ за последиците од економските политики кои ги наметна истата, го наведе Стиглиц во своите трудови да укаже дека аргентинската и источноазиската криза се токму резултат на поедини слабости на ММФ во сверата на монетарната политика .
Конкретрно во своите исцрпни анализи има мошне интересни искажувања и ставови односно критички став кон политиката на ММФ за промовирање на политиката за целосна приватизација на државните компании ,претераната контрола и рестриктивна политика кон финансиските пазарни текови ,давање и подршка кон преголемата либерализација на пазарните услови и учеството на капиталот на истите ,како и преценување на банкарскиот капитал што повлекува и зголемување на каматните ставки .
Но мора да се признае дека делата кои ги има оставено зад себе кажуваат дека се работи за светски ум , економски експерт ,Нобеловец со потврдено реноме и висок авторитет во америчките и светски економски интелектуални кругови ,потврдено низ неговата практична работа како шеф на кабинетот за економски прашања на Америчкиот претседател Бил Клинтон каде за два мандати успеа од 1500 милијарди владин внатрешен долг истиот да го донесе на 70 милијарди во позитива .Тоа јасно говори дека не се работи само за теоретичар кои своите тези наставно ги презентира ами ја докажува својата интелектуална моќ за спроведување на неговите теории во економски практики низ современиот финансиски менаџмент .
Значи врвен мајстор на економскиот занает клучна фигура во современата економија успевајќи да ги раздвижи и насочи светски познатите умови економски теоретичари во економската теоретска мисла за анализа на оправданоста на глобализацијата во светскиот економски процес – новиот економски поредок .
Затоа границите на глобализацијата се означени токму преку граничните линии на ефективноста и полезностите кои се создадени преку понатамошните проширувања на пазарите и продлабочување на нивната интеграција.
Неговите дела и комплицираните на прв поглед нејасни економски равенки со кои успеа на своевиден начин да го промени размислувањето кај многу економски теоретичари и кој медиумите го нарекуваат со право најцитираниот економски аналитичар направи своевиден пресврт во вреднувањето на економската мисла и насока на институциите во правец на реална критика и похуман однос кон чинителите на економските развојни политики во земјите со послаб економски потенцијал и позабавен економски развој .Неговиот интелектуален и стручен капацитет толку многу го издигна над врвовите во економската наука што и ден денес многу економски аналитичари го сметаат за столб на економската научна мисла .
Октомври 2001 година го круниса неговиот научен труд со добивањето на Нобеловата награда ,престижна награда , потврда за неговиот допринос во еконимската научна мисла ,критика на процесите на глобализацијата и ставање во вистински колосек на многу економски развојни процеси кои се и те како релевантни за перспективите на економијата во новиот светски економски поредок и новите правила на игра во сегашните пазарни услови .

Д-р Љупчо Бошевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *