Со најпознатите светски арии отворен Интерфест Битола 2019

Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест Битола 2019“ започна синоќа во Битола со гала оперски концерт на солистите и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентска палка на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ.

  • Според програмата, до 11 октомври на фестивалските сцени во Битола, ќе настапат уметници од Италија, Франција, Полска и Македонија-истакна Милица Шперовиќ Рибарски, воедно заблагодарувајќи се на поддршката на битолската публика.

Како солисти заедно со оркестарот настапија Наде Талевска, Ристе Велков, Славица Петровска Галиќ, Зоран Сотиров, Борис Трајанов, Весна Гиновска Илкова, Владимир Саздовски, Павлина НОвакова, Сандра Митровска.

Интернационалниот фестивал на класична музика ИНТЕРФЕСТ-БИТОЛА кој традиционално се одржува од 02-12 октомври е основан во 1992 година . Иницијатори, основач и негов прв директор е Милица Шперовиќ-Рибарски, пијанист и професор на ФМУ Скопје и Кирил Рибарски, македонски тромбонист со светско реноме.

Ова издание е поддржано од Министерството за култура, Општина Битола, културните институции во градот и Музичкото училиште од Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *