Дали се на повидок предвремени избори; ВМРО-ДПМНЕ со тим за „обнова на Македонија“, СДСМ „на прав пат“

Иако власта се уште не ја прифатила „фрлената ракавица“ од опозицијата за избори, сепак според прегрупирањето на силите и нивното делување на терен, наликува на предизборен период. Двете најголеми политички партии соопштија дека почнуваат нови поглавја. Владејачката СДСМ со слоган „На прав пат“, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ со нов тим ќе ја обновува Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски формира тим од експерти кои ќе му помагаат во креирањето политики. Тимот содржи 16-тина експерти, домашни, но и странски.

– ВМРО-ДПМНЕ го следи времето и модерните текови. На Македонија и треба визија за иднината која заеднички ќе ја градиме. Во таа насока формирав тим од стратешки соработници, составен од врвни професионалци, со одлично лично и професионално портфолио. Врвни достигнувања, секој во својата област-рече Мицкоски.

Во тимот се професорката Гордана Силјановска, Сашко Кедев, Владимир Дуковски, Хозе Караско вонреден професор во Мадрид кој ќе биде соработник за економија, Игор Дурловски, Влатко Гигов, државјанин на Швајцарија за стратешки соработник за нови производи и медиуми, а Јанко Баждавела од Њујорк.

Во ист ден СДСМ објави дека има нов концепт, под слоганот „На прав пат“.

„На прав пат сме. Најголемите проблеми се зад нас. Се движинме во вистинска насока, а патот што го избравме гарантира подобро утре за сите генерации“, изјави Николовски, генерален секретар на СДСМ.

Новиот концепт на СДСМ, како и оној на ВМРО-ДПМНЕ предвидува повеќе средби со граѓаните, со цел како што велат да се слушне гласот на народот. Планирани се трибини во речиси сите населени места, а првата ќе се одржи во сабота

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *