СДСМ минато свршено време и за битолчани и за македонските граѓани

Првата недела од кампањата на СДСМ во Битола, помина во знакот на Наташа Петровска. Замислете СДСМ ја користи градоначалничката Петровска позната по непотизмот и вработувањето на нејзиниот брат уште првиот месец по преземањето на власта и по тоа што не сработи буквално ништо друго изминатите 3 години, не направи ништо за Битола и битолчани. Оваа симболика зборува повеќе од сите искажани зборови, повеќе од сите преземени чекори.
Ја открива нивната вистинска намера, го претставува нивното лицемерие, неспособност и незнаење.
Не можете, почитувани од СДСМ, со иста лага, втор пат да поминете кај граѓаните.

  • не можете да ветувате економски мерки, а досега три години да ги имате зад себе најлошите економски показатели
  • не можете да ветувате инфраструктурни инвестиции, а не можете со ниту една во Битола да се пофалите
  • лицемерно е и надвор од здравиот разум да ветувате нови работни места, кога граѓаните знаат како и кого вработувате
  • ветувате гасификација пак, тоа навистина ги поминува сите граници
    И пак зборувате во идно време, употребувајќи ја честицата ЌЕ.
    Вие, од СДСМ, со се што досега направивте сте минато свршено време за битолчани и македонските граѓани!
    Тоа само недвосмислено ќе Ви биде потврдено на 15 јули, денот кога ВМРО ДПМНЕ и граѓаните ЗАЕДНО пристапуваат кон ОБНОВА на Битола и ОБНОВА на Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *