Бојан Бојковски за вистински граѓански општини

Почитувани, ветивме обнова, стоиме сериозно зад сите повеќе од илјада проекти, кои буквално ги зафаќаат сите сегменти од живеењето и функционирањето на Државата но и општините.
Со овој тригодишен застој, економскиот колапс, сиромаштијата можеме да се справиме, знаеме како, мораме.
Нефункционирањето на општините е видливо, а Битола е една од општините која остана со оваа власт без инвестиции, без ниту едно ново работно место, со раскопани улици, загаден воздух, без сила од оваа градоначалничка барем во две и пол години да го реализира проектот за Прочистителната станица, кој беше готов, а потребна беше само негова операционализација.
Затоа во нашата програма предвидуваме: АКТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да се посвети на поголемо финансирање на регионалните и меѓуопштинските проекти, заради економско изедначување на планските региони и еднакви шанси за развој.
Предвидуваме процентот на одделување на средства по региони да биде сразмерен со степенот на нивната развиеност.
Проектот ДИГИТАЛНИ ОПШТИНИ НА НОВОТО ВРЕМЕ предвидува
воведување на концептот паметен град (SMART CITY), од страна на новата влада на ВМРО ДПМНЕ, преку развивање на софтвери за поефикасно функционирање на општините. За општините ќе обезбедиме унифициран софтвер за SMART CITY. Интенција ќе биде до 2024 година општините да прераснат во ИТ општини достапни за сите, во секое време.
Во овој контекст за унапредување на функционирањето на општините е и проектот: OPEN DATA СИСТЕМ, кој значи воведување унифициран електронски систем за управување и следење на документи од страна на надлежните и странките (граѓаните), кој ќе овозможи потранспарентен пристап на следење на секој документ кој влегува во општинската архива и секој граѓанин ќе има увид кој документ, до која фаза и кај кој вработен се наоѓа.
Во програмата Обнова е и
проектот: ТВОЈОТ ДОКУМЕНТ – НАША РАБОТА!
Тоа значи електронско поврзување на сите јавни институции на локално и централно ниво во еден шалтер, со цел издавање на документи од истиот и дистрибуција до странките во предвидените законски рокови.
Исто така ќе го реализираме и проектот: И ТИ СИ ДЕЛ ОД ПРОЦЕСОТ!
Ќе биде креиран унифициран ВЕБ ПОРТАЛ за транспарентно управување, со максимално учество на граѓаните во креирањето на буџетите и програмите на ЛС во секоја фаза. Со ова ќе се обезбеди општините во Македонија да прераснат во вистински граѓански општини.
Заедно на 15 јули, за поефикасни општини, за ОБНОВА!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *