ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА НОВИОТ ГРЧКИ КОНЗУЛ ВО КАБИНЕТОТ НА ПЕТРОВСКА

dav

Во прва работна и официјална посета на Општина Битола престојуваше новиот конзул на Генералниот конзулат на Република Грција во Битола, Ахилеас Ракинас. Новиот грчки конзул оствари работна средба со градоначалничката Наташа Петровска во нејзиниот кабинет, при што разговараа на повеќе теми.

Ракинас се интересираше за посетата на градоначалничката Петровска на САД и стекнатите искуства од студискиот престој во повеќе сфери, преку програмите за заедничка соработка и напредок на културата. Тој изрази посебно задоволство од големиот број културни настани во градот, затоа што неговото доаѓање се совпадна со одржувањето на фестивалот „Браќа Манаки“. Воодушевен од филмот за браќата Манаки, грчкиот конзул Ракинас даде и конкретни предлози за натамошна културна соработка помеѓу Битола и Јанина.

Градоначалничката Петровска го информираше новиот грчки конзул за тековните активности и средбата со градоначалникот на градот Кожани, како и за иницијативата за заедничка соработка на полето на енергетската ефикасност од двете страни на границата.

Двајцата соговорници на средбата истакнаа дека постојат повеќе области во кои соработката може да се проширува, а тука се и меѓуграничните проекти од ИПА програмата кои веќе се во тек на реализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *