БИТОЛА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАД НА УНЕСКО, ПРЕДЛОЖИ СЛОВЕНЕЧКИОТ ЕТНОЛОГ ДУШАН СТРУГАР

Битола да се кандидира за град на УНЕСКО, предложи Душан Стругар, етнолог конзерватор од Словенија, воедно и претседател на Организацискиот одбор на осмиот симпозиум на етнолози конзерватори од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија што се одржува во Битола.

„Битола е фантастичен град и сите сме зачудени и изненадени што сѐ уште нема екипа и дека уште не подготвувате стручна подлога за кандидатира во УНЕСКО. Што поскоро ја молам политиката и експертите да се здружат. Имате многу квалитет и локалитети. Сите можеме да помогнеме и Словенија и Хрватска, направете ја подлогата и кандидирајте се“, порача Стругар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *