Прес-конференција на Горан Козаров, кандидат за пратеник од СДСМ во ИЕ5

Почитувани граѓани,

На 15 јули имаме можност за избор. Избор за сите заедно да одиме напред.
Минаа веќе 6 месеци откако нашата држава е закочена, а истовремено и зафатена од светската пандемија со Корона вирусот.
Затоа е време на 15 Јули да излеземе на избори кои ќе бидат организирани по сите безбедносни протоколи и да донесеме една важна државничка одлука со заокрожување на бројот 3 и со тоа во новото собрание да избериме луѓе кои знаат, луѓе кои умеаат, луѓе кои можат. Како одговорна партија покажавме дека знаеме и можеме граѓаните да ги ставаме пред се.
За прв пат оваа кампања ги изоставивме јавните собири за да не го доведеме во опасност здравјето на нашите граѓани.
Фокусирани сме на економските мерки од кои во вториот мандат на Владата предводена од СДСМ со коалицијата граѓаните ќе го имаат најголемиот бенефит.
Посветени сме на инвестиции во инфраструктурата, на грижата за најранливите категории, развиваме модел кој ќе ги штити граѓаните, ќе генерира повисоки плати и пензии, ќе гарантира работни места, ќе го штитиме човечкиот капитал и ќе обезбедиме здрава животна средина.
Платите и пензиите продолжуват да растат. Во следниот мандат минималната плата ја зголемуваме за 40 %, додека просечната за 30%.
Државата ќе нуди грантови за отворање на сопствен бизнис до 15 000 евра. Парите се враќаат кај граѓаните. Прифаќаме капитални инвестиции со кои ја намалуваме невработеноста до 3% на годишно ниво.
Гасот го носиме дирекно до домовите.
Во следните четири години голем број на семејства ќе добијат бесплатен еко инвертер.
Инвестираме во здравството. Го задржуваме квалитетниот кадар, ги зголемуваме платите на докторите и ги подобруваме условите во Болниците.
Воведуваме нови економски мерки за сите кои се соочуваат со проблеми предизвикани од Корона вирусот.
Европската Унија ни подаде рака и го решивме повеќе деценискиот проблем веќе сме дел од најголемиот безбедносен сојуз во светот НАТО.


Нашата визија е јасна!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *