Задолжително учење албански и мултиетничка химна вети Зибери

Задолжително учење албански јазик, мултиетничка химна, ветинг за сите, флексибилно работно време, фонд за млади и иновации, се само некои од приоритетите на владината програма на ДУИ која на отворено пред владата ги изложи кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери.

На улицата пред владата на  видео бим беа испишани на албански и на македонски јазик битните програмски определби на владата на ДУИ. Зибери ја изложи програмата само на албански јазик во присуство на 10 министри.

Меѓудругото Зибери вети дека во првите 100 дена од владеењето  ќе направат економско закрепнување, враќање на ДДВ за еден месец, консензуално одлучување со врзан потпис, 13 август денот на потпишувањето на Рамковниот договор да биде државен празник..

Сител ТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *