БРОЈКАТА НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 СЕ ИСКАЧИ НА 277 – само денес има ДЕВЕТ ЛИЦА и тоа ШЕСТ ОД ТЕТОВО!

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа починати се 9 лица, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 79 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се две лица од Скопје, и тоа на возраст 58 и 81 година и пациент од Тетово на возраст од 58 години. Во Тетово, пак, починати се пет лица на возраст 63, 60, 77, 72 и 69 години. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5906, бројката на оздравени пациенти е 2236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3393. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *