Ковачевски и натаму молчи и е лицемерен пред битолчани

Васко Ковачевски после упатените неосновани закани за тужби за клевета кон Министерството за внатрешни работи и Министерот Наке Чулев, веќе 7 дена молчи за поднесената кривична пријава против него, за изнуда и барање поткуп во висина од 250 000 евра. Затоа повторно ја прашуваме перјаницата на СДСМ во Битола и блискиот соработник на Зоран Заев, Васко Ковачевски, дали е спремен да се соочи со правдата и да одговара за злоупотребите со кои е обвинет за време на раководењето со РЕК Битола. Би сакале да ја потсетиме јавноста дека Васко Ковачевски во опозиција беше гласноговорник за право и правда, но времето покажа дека сето било само фарса, бидејќи овој човек веднаш кога се дограби до власта, го покажа своето вистинско лице!
СДСМ нема што да им понуди на граѓаните, освен уште еднаш да докажи дека можат повеќе за нив и нивните најблиски!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *