За обнова во заеднички сојуз со битолчани

Почитувани,

Битола секогаш во сите процеси била предвесник на промените, носител на борбата за поквалитетен живот, активен учесник во развојот на демократијата и новите процеси.
Ама херојска и храбра Битола, знаела и прва да крвари кога и газат по достоинството, кога и посегнуваат по слободата, одлучно да се спротистави на сиромаштијата, на уништувањето на перспективата на младите, политичкиот прогон, корупцијата, криминалот, отсуството на право и правда.
ВМРО ДПМНЕ излегува пред вас со програма Проект „Обнова“ на повеќе од 300 страници, со повеќе од 1000 проекти. За секого има по нешто затоа што зад таа програма стои трудот на многу експерти.
На 15 јули потребна ни е вашата поддршка, поддршка за Битола онаква каква што сакаме да ја имаме.
ВМРО ДПМНЕ со чесни и вредни луѓе, со многу работа и упорност и со Вашата поддршка може да ја победи реалноста, во која сите ние сме жртви, во која бесрамно и дрско е згазено и нашето лично, но и националното достоинство. Згазена и предадена е Македонија, а Битола е без капитални инвестиции, без нови работни места, со очајна инфраструктура.
Ситуацијата е тешка, затоа мора силно сите да се обединиме за да дадеме шанса на нашите најмили, на Македонија и градот во кој сме родени и кој го сакаме.
Затоа заедно со Силвана, Олга, Бојан и маестро Дурловски се обврзуваме и утре на плоштадот Гоце Делчев, во 20 часот и 30 минути да го направиме симболично и заедничкиот сојуз кој ќе биде гарант за обновата на Битола, за обновата на Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *