Операцијата на Стоилов успешна – КАПИТЕНОТ СИ ОДИ ДОМА!

Капитенот на РК „Вардар“ и ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов заминува дома по хируршката интервенција на носот во „Аџибадем Систина“. Станува збор за рутинска операција на искривување на носната преграда, која ја изведе д-р Александар Лазаревски, оториноларинголог.

„Операцијата беше неопходна кај Стоилов поради проблемите со дишењето на нос, имаше искривена носна преграда од десната страна која комплетно го затнуваше десниот носен ходник. Оваа состојба му правеше проблем бидејќи е професионален спортист, му го нарушуваше дишењето на нос, а тоа влијае и на физичката кондиција. Операцијата помина во најдобар ред, за 10 дена го очекувам на контрола. По интервенцијата, Стоилов ќе има многу полесно дишење на нос и, што е најважно, многу повеќе физичка кондиција“, вели д-р Лазаревски.

Со оваа интервенција Стоилов во „Аџибадем Систина“ го реши долгогодишниот здравствен проблем, со што повторно ја истакна довербата во медицинскиот тим на болницата, која изминативе години комплетно се грижи и за неговите спортските повреди. Досегашното позитивно искуство, како што вели Стоилов, е доказ дека „Аџибадем Систина“ е најпрофесионалната и најдобра болница.
 

„Воопшто не се двоумев каде да побарам стручна помош, знам дека тука здравјето го препуштам во најдобри раце. Д-р Лазаревски е исклучителен професионалец, се чувствувам одлично по интервенцијата. Затнатиот нос и проблемот со дишењето што го имам веќе подолго време беа навистина голема пречка за мене како спортист и среќен сум што го надминав и овој проблем. Во услови на пандемија на коронавирусот се чувствував 100% безбеден, бидејќи тука се почитуваат сите
правила за заштита како пациент “, вели Стоилов.
 

„Аџибадем Систина“ ги почитува сите безбедносни протоколи за заштита од корoнавирусот. Согласно новата уредба на Владата, како и почитувајќи ги сите морално-етички и медицински принципи, ве известуваме дека Клиничката болница „Аџибадем Систина“ не овозможува третман на пациенти позитивни на Ковид-19, освен пациенти кај кои за време на приемот и подготовката за интервенција е добиен позитивен тест за коронавирус, а истите се во животозагрозувачка состојба и е потребен итен третман. Болницата уште од самиот почеток има протокол во кој сите хоспитализирани пациенти се тестираат за коронавирусот со PCR брз тест, и со тоа сме единствени во нашата држава. За време на интервенцијата се почитуваат сите безбедносни протоколи за заштита на персоналот, а потоа пациентите се префрлаат во целосно изолиран и посебно опремен дел за нивен третман, кој се наоѓа во посебно издвоен дел во болницата. Со тоа, болницата на највисоко ниво ги заштитува другите пациенти и персоналот од пренос на вирусот. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ не прави прием на позитивни пациенти кај кои е потребен третман на болеста Ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *