СУСПЕНДИРАНА ДЕМОКРАТИЈА

На кого му смета промена на црно белиот свет во Македонија.

На кој центар му смета да се појави нова опција, нова сила, нова политичка насока.

Во држава во која двете партии се менуваат со нивниот партнер од војнички денови кој цврсто стои до нив во добро па во зло не им е интерес Македонија.

Суспендирана демократија Констатирам:

Нарушена унитарност. Што е тоа? Тоа е Македонскиот јазик не важи за една четвртина население. Видете го законот за јазици и демантирајте ме. Но прочитајте го, па демантирајте ме.

Откажување од унитарност и суверенитет. Што е тоа? Тое е С…..а Македонија, земја во која народот збунува Северно македонски како за сите или Македонски како за компанија (ДПНЕ-СДС-ДУИ) но за пред истиот излажан народ, а не за надвор.

Етничка поделба на функции. Што е тоа? Тоа е од Групчин и после групчин. Тоа е не ме ѓибај не те ѓибам, јас сум главен во Гевгелија а за тебе закон во Гевгелија не важи, и јас сум главен во Тетово а за тебе закон во Тетово не важи.

Една поговорка од кинески филозоф Чунг Це вели: ”Народ што не ги почитува најдобрите поединци не може да оди напред” . Што е тоа? Тоа е блокирање на секој поединец патриот да излезе на површина во двете црно бели машинерии. Видете, Размислете, па Демантирајте ме.

Суспендирана демократија – на кого му смета да не биде суспендирана. Дали е центар на моќ, дали е центар на власт, дали е центар на центар или е само центар кој контрола има и бело и црно и кај војничкиот партнер. Ќе речеме стоп, или ќе оставиме на контролата на биполаритет и тонење во кал. А имаме опција сега. Сите заедно СТОП на суспендирана СТОП нарушена унитарност, СТОП откажување од сувереност, СТОП поделби. НАПРЕД за демократска, унитарна, суверена моќна и силна Македонија. Демократски на избори промената најмногу боли кога паѓа власт и за поразениот и за центарот.

Свести се мој Македонски народе. Гласај поинаку затоа што во светот има и црна и бела но има и црвена и жолта но и плава и зелена, а има и портокалова и виолетова можност. Македонија не заслужува црно бел свет со суспедирана демократија. МАКЕДОНИЈА заслужува МАКЕДОНИЈА.

д-р Николче Талевски, ИНТЕГРА МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА ИЕ5

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *