Силвана Ангелевска: зголемување на економскиот раст и вработеноста, поголем животен стандард, подобар и поквалитетен живот за секого

Почитувани мои битолчани, кој од Вас не верува дека секој заслужува и може подобро, кој од Вас не верува дека Битола и Македонија недозволиво е да се дават во сиромаштија, невработеност, ископани улици, смет и загаден воздух. Кој од Вас не сака да направи и не би направил се за своите деца, родениот град, земјата што му е татковина.
Затоа ВМРО ДПМНЕ во наредниот период ќе биде концентрирана со целата своја професионалност, умеење и знаење на неколку стратешки определби:

  • зголемување на економскиот раст и вработеноста, поголем животен стандард, подобар и поквалитетен живот за секого
  • одлучна борба против криминалот и корупцијата
  • европска интеграција
  • добри меѓуетнички односи, еднакво почитување и толеранција
  • силно образование и Македонија земја на знаење
  • заштита и унапредување на животната средина
  • квалитетни здравствени услуги, преку инвестиции во опрема и обука на здравствениот персонал и разумно справување со пандемијата
    Човечки е да се сонува, најчовечки е стремежот и борбата за достоинство и пристоен живот.
    Сите заедно заслужуваме и ќе се избориме за нови работни места за младите, за вработување според квалитет, знаење и вештини, за повисоки плати, достоинствени пензии, подобри услови за стопанисување, развој на претприемништвото и економијата, за еднаквост на мажите и жените, за искрена и чесна поддршка на сите на кои им е потребна.
    Затоа се обврзуваме на раст на бруто домашниот производ од 4 до 5 проценти на годишно ниво, зголемување на платите за 25 проценти во следниот четиригодишен период, 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции во наредните четири години. Над 1000 проекти со прецизни рокови и реализација.
    Почитувани, свесни сте дека реалноста е тешка и дека само со одлучен и храбар одговор постои надеж заедно да ја промениме.
    Запомнете, Вие сте носители на промените, а единствениот избор е обновата на Битола, обновата на Македонија.
    Заедно тоа го можеме!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *