Вардар остана без лиценца за Европски натпреварувања

Екипата на Вардар втора година по ред останува без лиценца за европски натпреварувања, бидејќи не ги исполни критериумите на Комисијата за лиценци, во Фудбалската федерација на Македонија. ФФМ откако ја собра потребната документација, реши да даде зелено светло за европските натпреварувања за екипите на Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров, Работнички, Ренова, Силекс, Шкендија и ФК Шкупи. Во меѓувреме, покрај Вардар, без лиценци останаа и Струга Трим Лум, Борец и Брегалница. Сега ФФМ, до 30 јуни мора да го достави списокот на екипи што ќе играат во квалификациите на Лигата на шампиони и Лига Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *