Васко Мавровски: криминалот, корупцијата и тендери во четири очи се вистинскиот профил на оваа власт

Почитувани, рекетот, изнудата, криминалот, корупцијата и тендери во четири очи се вистинскиот профил на оваа власт, на Зоран Заев и СДСМ.
Васко Ковачевски, не само што не чуствува грижа и се заканува, сметајќи се доволно безбеден со Заев, туку се внесува во улогата на истражител или обвинител.
Комоцијата, а се надеваме и ароганцијата и дрскоста на Васко Ковачевски, завршуваат на 15 јули. Во Македонија мора да се почитуваат законите и виновниците треба да бидат казнети.
Ковачевски мора да се соочи со правдата и пред обвинителството и судот да објасни за рекетот и изнудата од 250 илјади евра и да одговори, дали тие пари завршиле директно кај неговите наредбодавци Зоран и Вице Заеви.
Ете, таков беше како директор на РЕК Битола, а каков директор е во ЕЛЕМ можеме само да претпоставуваме.
Во овие дваесетина дена, ако Васко Ковачевски сака да им помогне на своите од СДСМ, треба да направи неколку работи.
Првата и најважна е да си поднесе оставка од директор на ЕЛЕМ, а втората да им одговори на граѓаните на следново прашање:

  • Зошто дрско ги лажеше битолчани дека се ќе направи за Битола да има почист амбиентален воздух, вклучувајќи ја и реконструкцијата на електростатските филтри во РЕК Битола?

Прашања за Ковачевски има уште, ама за да остане концентриран, нека им одговори на граѓаните само на ова едно прашање, се разбира откако претходно ќе се тргне од директорската позиција во ЕЛЕМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *