Затворање на фестивалот „Браќа Манаки“

Вечерва, на затворањето на 40. јубилејно издание на ИФФК „Браќа Манаки“ на лауреатот на „Златна камера 300“ за животно дело, кинематограферот Јоргос Арванитис, свечено ќе му биде врачена наградата, а меѓународното жири ќе ги соопшти имињата на добитниците на Златна, Сребрена и Бронзена камера 300 за најдобри кинематографски остварувања од годинашната Главна селекција. Исто така ќе биде врачена и наградата „Мала камера 300“ за најдобриот кинематографер во селекцијата Кратки филмови. Веднаш потоа ќе се одржи специјална проекција на филмот „Манаки – приказна во слики“, чиј режисер и кинематографер е Роберт Јанкулоски и кој ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки и нивното големо творештво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *