МТСП: Сите што останале без работа од 11 март до 30 април, да аплицираат за паричен надоместок

Граѓаните што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април без разлика дали потпишале спогодбен отказ или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеци да примаат паричен надоместок, посочуваат од Министерството за труд и социјална политика.

„Системите на социјална сигурност се состојат од два механизми. Првиот механизам е користење на паричен надомест врз основа на Законот за осигурување во случај на невработеност. За да им излеземе во пресрет на сите што имале прекин на работен однос донесовме Уредба којашто го проширува опфатот на лица кои можат да примаат паричен надомест. Според Уредбата, сите оние коишто останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеци да примаат паричен надоместок“,

порача дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ, во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Сите оние кои имале прекин на работниот однос во посочениот период треба да поднесат барање до Агенцијата за вработување.

По овој основ досега биле пристигнати повеќе од 2 300 барања, а рокот за пријавување е до 26 јуни.

360 степени

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *