БИТОЛА – БОРДЕЛ ВO ЧЕТВРТА ДИМЕНЗИЈА

Состојбите овој пат во Битола ги именувам како бордел, но не со апсолутното значење на овој збор со француско потекло, мaison de prostitution (куќа на проституцијата), туку ќе го користам неговото фигуративно значење – grand désordre (одличен хаос, неред).
А, како поинаку би можела да ги ословам, навистина не знам, заради тоа што ситуацијата од НУЛАТА на Наташа Петровска и НИШТОТО власта на СДСМ и ЛДП, нужно преминува во хаос и неред! Првата година, сите заедно бевме ужаснати од незнаењето и неправењето, беше тоа година на изневерени надежи, прелажани граѓани, година на сопствени трауми, соочени со тоа што треба да го испорачаат и со ситуации кои ни најмалку не им наликуваа на претходните, на кои како опозиционери навикнале и викале на цело грло. Немилосрдноста на животот само преку ноќ те носи од победник во позиција на трагичен „јунак“, кога ете ќе мора да се соочиш со тоа што си го зборувал пред граѓаните, сосема неважно е колку си верувал во тоа или само папагалски си ја повторувал содржината научена на часовите по PR. Ако советничкиот мандат си го потрошил четири години само на „врескање“, а попатно не си разбрал како функционира локалната самоуправа, а уште помалку што значи да се биде градоначалник, ако само си обвинувал со гола партиска реторика и си ја фатил најсилната алатка за манипулација – обвинувањата за криминал, нормално е дека кога ќе застанеш од другата страна, итоа како градоначалник, прво ќе продолжиш да „врескаш“ и да лажеш (излага за долгот на Општината), но исто така, многу нормално е набрзо да се инхибираш, да се чуствуваш изманипулирано и кон СИТЕ и кон СЕ да пристапуваш со недоверба. А, тоа резултира со збунетост, неправење ништо и неисполнување на базичните обврски кои како опис и попис ги има функцијата на која си избран.

Затоа нема ништо од :
– „ Гасификација на Битола, за почист воздух и за пониски трошоци
За здрава животна околина, пониски трошоци и економски развој на општината ќе донесеме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Битола.

– Современ јавен превоз, мерки за чист воздух
Го намалуваме сообраќајниот метеж и овозможуваме брз и ефикасен јавен превоз за граѓаните, со нови еколошки возила и нови возни линии кон Брусничко –Лавчанска, Буковски Ливади, Карпош, Стрелиште, Баир и Боримечка, како и кон руралните средини.

– Нов систем на управување со отпад
Преземаме мерки за чиста животна околина, чист воздух и чиста вода. Градиме рециклажен систем за механичко-биолошка обработка на отпад и распоредуваме канти и контејнери за складирање и селекција на отпад на повеќе локации во секое населено место и маало.

– Обнова на поранешниот офицерски дом
Обнова, адаптација и пренамена на Офицерскиот дом во Дом на културата во кој ќе се одржуваат свечености, приеми, концерти, проекции, изложби и други активности од областа на културата и јавниот живот.

– Градиме по план, нов спортски комплекс
За потребите на граѓаните, младите луѓе и спортистите ќе изградиме модерен мултифункционален спортски комплекс со стрелана, куглана, повеќенаменски мали сали, спортска кафетерија. Вложуваме во здрав спортски живот на граѓаните на Битола.“

И кога проблемите кулминирале, а поминале само нецели две години од мандатот, што да правиш друго, кога веќе не можеш никако да се потпреш на својата математичка вештина, според онаа народната домашниот есап на пазар не излегува, освен да пробаш, а патем и тоа јавно да го признаеш, да пишуваш лоша „поезија“, да контемплираш и ламентираш над „сопствената лоша судбина“. И така, на паузите од некоја бехатон плочка, нацртаниот ѕид каде што стои плочата на Александар Турунџев со чудни мотиви и бои (а неговиот споменик уште е во општинскиот двор), плочките од некој тоалет, зборуваш во бунило за четврта димензија втора година по ред (на отворањето на фестивалот Манаки), се фалиш со тиквите и џунџулињата и „филозофираш“, при тоа навредувајќи ја и тиквата и човекот.

И додека, како градоначалник на Битола, јавно вежбаш да си го избистриш мислите, а можеби и да се ослободиш од грижа на совеста, дали знаеш дека ЈП ИЗ Жабени годинава никого не планира да вработи, дали знаеш дека директорот е уверен дека на Битола не и требаат инвестиции, оти нема работна сила, оти сите ја напуштиле и се иселиле, дека со таквата неспособност и незнаење да не чуе злото, можеби ќе ја принуди и Кромберг и Шуберт, да размислува за својата битолска иднина, а тоа што значи белким ти е јасно!!!


Имаш право, што сакаш да правиш со твојот „јавен ѕид“, па еве и дури да размислуваш како сакаш, „филозофски“ или „поетски“, иако за тоа е потребен талент, но немаш право во заложништво да ја држиш Битола и Битолчани. И не е лошо, повежбај, концентрирај се, размисли, сфати ги првин основните три димензии, разбери го моментов „овде и сега“, нека ти стане јасно во која зграда секое утро влегуваш! И така не остана уште многу, ама по сите манипулации, по големото НИШТО и апсолутната НУЛА, време е овој пат, ама сериозно, да размислуваш за оставка!!! Битола не може и не смее, не заслужува да биде повеќе во одличен хаос.

д-р Анита Ангелевска, ВМРО ДПМНЕ
советник, општина Битола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *