Битола со „Трчај бе“ја добива првата градска трка

Трчај бе е првата градска трка која ќе и се случи на Битола на 15 септември оваа година. Иницијатор е  истоимената организација Трчај бе – група на неколку луѓе успешни во своите професии, кои не се професионални спортисти. Она што ги поврзува е желбата за трчање.За себеси ќе кажат:”Ние не сме атлетски клуб. Нам не ни се најважни тие кои први ќе ја поминат целта, иако им се восхитуваме и им ракоплескаме. Секој голем напор и секое поминување низ целта се победа за сите нас.

Нашата цел е да создадеме што повеќе задоволни Трчај бе вљубеници и да им помогнеме да ги поминат своите први и најбрзи километри. Ние сме тркачите на Битола и со Трчај бе создаваме нова спортска приказна за градот.”
И така стартуваа, за денес на помалку од месец дена од трката освен рекреативни трчачи, за трката се пријави и атлетскиот крем на Македонија, така што во Битола ќе имаме и забава, но и вистински натпревар помеѓу атлетската елита. 


Тимот на Трчај бе  искуства собирале од слични иницијативи и организатори на настани, поврзани со трчањето во држава и во странство. Во Јануари 2019  ја откриваат идејата пред јавноста и ја започнуваат кампњатата за овој спортски настан кој ќе ја растрча конечно и Битола.  Да трчаш не е само по себе цел. Денес заборавивме да се движиме. Многу седиме, во автомобил, автобус, на работа, дома пред ТВ или компјутер или отсутни гледајќи го екранот од нашите смарт телефони.Потребно е да се потсетиме што значи движењето на животот.Сите луѓе се родени да трчаат.Трчај бе е акција со која повторно ќе се потсетите зошто децата трчаат и без причина.
Интересот за оваа трка ги надмина и најоптимистичките прогнози на организаторите. На трката се пријавија 751 натпреварувач, меѓу кои се и цела атлетска македонска елита, предводени од повечекратениот шампион и рекодред Дари Ивановски, кои е генерално неподедлив на сите трки во Македонија од 3.000 метри, па до полумаратон.

Во натпреварувачите е и македонскиот шампион и рекордер во маратон – Александар Кираџиев, уште еден македонски репрезентативец, Кокан Ајановски, најдобриот битолски атлетичар – Кристијан Стојани итн. Во женска категорија, битолската публика ќе има чест да ја проследи балканската шампионска на 3.000 и 5.000 метри, Теодора Симовиќ, македоснката рекордерка на 5.000, 10.000 метри и маратон, Адриана Поп Арсова, поранешната шесткратна македонска шампиуонка во маратон и полумаратон – Весна Кираџиева, репрезентативката Миљана Ристиќ итн.
Ги повикуваме сите битолчани да бидат на улица на 15.09.2019 од 09:00 до 11:00 часот и да ги бодрат нашите натпреварувачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *