Промоција на романот „Излегов” – првенец на отец Пимен

Синоќа, во преполниот двор на Домот на културата „Драги Тозија” (Сарајот) во Ресен, се одржа промоција на романот првенец на отец Пимен „Излегов”. Дејството на романот е во ‘90тите години на минатиот век. Романот е роден од сомнежот на еден млад човек во остварливоста на текстот на песната „Излегов да се прошетам” од „Распеани ресенчани”. Колку што е тоа расказ за една младешка љубов, толку повеќе е за љубовта на актерите со својот роден град Ресен. Промотор на книгата беше г-дин Сотир Чаушевски, кој освен што се осврна на идејата како настанал романот, зборуваше и за хуманата нишка на авторот, кој приходот од продажбата на книгата го намени за хуманитарниот фонд за лекување на Дарко Цирески. Извадоци од книгата читаа Сара Марковска и Никола Источки. Авторот заблагодарувајќи им се на градоначалникот Живко Гошаревски и Советот на општина Ресен што во програмата за одбележување на 75-годишнината од ослободувањето на Ресен ја вметнаа оваа промоција, го поздрави и присуството на амбасадорката на Црна Гора во Македонија г-ѓа Марија Петровиќ, градоначалникот на општина Бар г. Душан Раичевиќ, пратеничката во Собранието на РМ г-ѓа Елизабета Наумовска Рабаџиевска, директорот на Домот на култура г. Васко Василевски и на многубројните гости.

Воедно спомена дека денес преку промоцијата на романот актуализираме една стара ресенска песна, но ја користиме и приликата да покажеме дека ресенскиот музички творечки дух не замрел и затоа ја промовираме и новата песна „Чат-пат” како авторско дело на рок-групата „Плет”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *