Лидерска средба : Единствено се согласиле дека СЈО е завршена работа и мртва институција.

И по седум часа преговори, лидерската средба заврши без договор. Позициите на власта и на опозоцијата останаа непридвижени по седумчасовното вртење во круг. Преговарачкиот тим на власта разговорите ги враќа на прашања за кои се сметало дека се затворени и очигледно е дека преговарачкиот тим на чело со Зоран Заев не сака договор туку спас на обвинителката Вилма Рускоска со нов предлог за Законот за ЈО кој ќе ѝ гарантира на Рускоска дека ќе застане на чело на новото обвинителство кое би се формирало од постојното Обвинителство за органзиран криминал и корупција и СЈО.

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев грчевито се бори да го задржи влијанието врз обвинителството инсистирајќи на чело на новото обвинителство за органзиран криминал и висока корупција да застане досегашната шефица на Обвинителството за органзииран криминал и корупција Вилма Рускоска.

Опозицијата предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, е на став дека изборот на Заев Рускоска да биде на чело на обвиниетлството значи само едно – директно влијание во обвинителството за спас од одговорност за криминало на власт. Доколу Рускоска остане на чело на новото обвинителство, тоа би значело амнестија за „Рекет“ и за низа други скандали поврзани со власта.

Единствено за што се согласиле двете страни е констатацијата дека СЈО е завршена работа и мртва институција.

1 thought on “Лидерска средба : Единствено се согласиле дека СЈО е завршена работа и мртва институција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *