Радио „Безистен“ и порталите „Безистен“ и „Пеланет“ ја почнуваат кампањата ,,Да и помогнеме на македонската економија’

Битолските веб портали ,,Безистен’ и ,,Пеланет’, како и македонското интернет радио ,,Безистен’, ова лето нудат бесплатно рекламирање на сите македонски фирми, се со цел нивна поуспешна презентација во јавноста, зголемување на профитот и побрзо и побезболно излегување од кризата, предизвикана од Коронавирусот, кој привремено затвори голем број трговски центри, угостителски објекти, теретани, транспортни претпријатија и многу други стопански објекти од повеќе области. Ви нудиме целосно бесплатно рекламирање и огласување на нашите медиуми до 1 Септември 2020 година на сите Вас, кои мислите дека нашата поддршка ќе го подобри Вашето работење.

„Безистен“ и „Пеланет“ ја почнуваат кампањата „Да и помогнеме на македонската економија да излезе од кризата, предизвикана од Ковид 19“.

Детални информации ќе добиете на телефон 071 251 352.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *