Новиот бран на коронавирусот го враќа полицискиот час

Комисијата за заразни болести денеска и предложи на владата повторно да воведе полициски час во различни делови од земјата, поради порастот на бројот на заразени од Ковид-19. Денеска бројот на новозаразени надмина 100.

Сите скопски општини и уште девет други во државава треба да одат во нов карантин кој ќе трае од четврток 4 јуни од 21 часот до понеделник до 5 часот. Во останатиот дел од државата полицискиот час би траел од 21 часот во четврток до 5 часот во петок, а во останатите два дена од 16 часот до 5 наутро.

Ова е предлогот на Комисијата за заразни болести упатен до владата, по најновиот пораст на бројот на заразени од коронавирусот.

Во последните 24 часа во земјата беа регистрирани нови 101 позитивни на Ковид-19. Повеќе од половината- 59 се од Скопје.

Тоа беше причина попладнево да се одржи вонреден состанок на министерот за здравство Венко Филипче со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи; заради координација за делување во општините кои се детектирани како жаришта на коронавирусот.
Доколку владата го прифати предлогот, освен за сите општини во Скопје, продолжениот полициски час ќе важи и за општина Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

https://m.dw.com/mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%80%D1%83%D1%81%D0%BE%D1%82-%D0%B3%D0%BE-%D0%B2%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%87%D0%B0%D1%81/a-53673918?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *