Глобална конкуренција

Глобалната конкуренција длабоко навлегува во основните стратешки и инфраструктурни капацитети на земјите со висок степен на економски развој кои поседуваат огромен капитал a воедно и продор на тој акапитал со инвестирање во земјите со понизок степен на економски развој и искористување на истите за евтина високо квалификувана работна сила .
Во процесот на глобализација најважни се стратегиските афинитети на стопанските субјекти а тоа се компаниите кои со својата економска политика делуваат во неколку правци и тоа во технолошкиот напредок а со тоа стимулирајќи намалување на трошоците и зголемување на продуктивноста,второ тенденција кон намалување на ризикот од непрофитабилни инвестициони вложувања ,и трето промена на организационата структура во сите области на своето дејствување посебно приспособеност кон конкуренцијата и согледување на опасностите кои можат да го намалат неговото влијание како и отстапување на поедини сегменти од пазарот на кој дотогаш се настапувало како успешна маркетинг концепција. Сето тоа би водело кон освојување на нови пазари и зајакнување на својот дел во веќе постоечките со вистинска маркетиг стратегија како успешен маркетинг концепт борејки се за негова реализација каде всушност би имале окрупнување на капиталот со асоцирање на слични или компатибилни производи на дотогашните веќе освоени пазари .
Поврзувањето со останатите компании зависи од тоа колку сличности имаат заеднички во технологијата и усовршеноста на производите кои дотогаш ги произведувале како и спремноста за изнаоѓање на нови дотогаш непознати производи но интересни за купувачот а профитабилни за компанијата.Со еден збор маркетинг стратегија кон присобување на глобализираната економија како и новите правила на игра во неа се со цел остварување на поголеми резултати и одржлив развој во целост .
Мора да постои добар менаџмент и управувачки механизам како би ги насочувале сите процеси кон една единствена цел успешно реализирање на плановите и стратегиите на економските маркетинг активности целокупно.

Маркетинг активностите во глобализирана економија не можат да се замислат без силна медиумска поддршка како и поврзаност и заедничко дејствување со средствата за јавно информирање кои во сегашни услови нудат и те како силна логистика во остварувањето на економските политики .
Иако можеме да зборуваме за технолошки развој како детерминанта на зголемување на производството намалување на трошоците сепак во една вакава силна конкуренција маркетингот е полугата или запчаникот кој што го кренува системот на репродукција во функција и го прави реверзибилен .
Мноштвото и разноликоста на медиумите допринесува кон побрз пристап на информациите до крајниот корисник за односните производи и услуги што значи давање на повеќе можности на самиот корисник во насока кон полесен и побрз пристап до производот кој најповеке би одговарал на неговите потерби а воедно кој економски за нив е нај исплатлив .

Автор д-р Љупчо Бошевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *