КОГА ВЛАСТА РАСИПУВА МЕСТО ДА ПРАВИ

За да се обезбеди заштита и грижа на децата, Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 90), во која со членот 4 е предвидено отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и/или посвојување, да продолжи да тече, а со тоа и надоместокот на плата да продолжи да се исплаќа сè до истекот на траењето на времените мерки“, се вели во соопштението од Владата. (извор : „Слободен печат“)
Арно ама, Владата не подразмисли, (не е ни чудно со оглед на нивната неспособност), дека најголем дел од категоријава што ја тангира оваа уредба е, или поточно речено БЕШЕ вработена во приватниот сектор, и тоа начесто со времени договори со времетраење од 1 до 3 месеци.
И така, со оваа уредба, трудниците законски беа спречени (се цел да се заштитат) да одат не работа, но работодавачите, според уредбата, МОРАА да продолжат да им плаќаат плата и надоместоци за плата.
Но, работодавачите засегнати од речиси три-месечната нерентабилност, но и реалните ставања под клуч на своите капацитети, беа доведени во ситуација да го искористат времениот работен однос на бремените вработени и истиот да не им го продолжат со големо оправдување дека фирмата е под фактички клуч.
И, сега, што направи, односно што дорасипа Владата?
Значи во сета оваа ситуација штетата најмногу ја трпат бремените зашто остануваат без работа, им се прекинува законскиот услов да бидат најмалку 6 месеци вработени за да се стекнат со право на законско платено породилно отсуство, а со тоа да бидат приморани, веднаш по пороѓајот да бараат работа заради егзистенцијални причини, а секако тоа сепак би било на штета малото бебе (доколку има кој да го чува, зашто во градинка примаат не помали од 9 месечни бебиња), или, преку видлив финансиски дефицит, да се преслика оваа состојба врз целото семејство.
Со други зборови, оваа Власт толку од ракав исфрли неефикасни решенија под изговор на ситуацијата со COVID-19, што сите тие заедно, единствено негативно се пресликаа врз приватниот сектор, врз вработените во истиот, а со тоа и врз секое семејство кое егзистира на основа на рентабилноста на тој приватен сектор, што имплицира негативни реперкусии во поширок општествен, не само економско – финансиски смисол.
Место Власта со конкретна финансиска помош да интервенираше соодветно, категорија по категорија на засегнати,
и со недвосмислени механизми за достапност на таа помош, особено со вкалкулирање на директните колективни загуби на таргетирани групи, најпрво во реалниот сектор и социјално загрозените општествени групи, а потоа и останатите граѓани, таа, ВЛАСТА, спас си побара прво за себе и лажниот сјај на „блескавата кондиција“ на Буџетот да го затемни со огромни кредитни задолжувања, кои пак, на крајот ќе ги плаќа се знае кој – НАРОДОТ!
Бесмислени се веќе секакви наводи за лажната грижа на оваа корумпирана, самољубива, булимична за пари, гарнитура на власт.
Бесмислени се, и добро е што во нејзиниот налет на себе-спасување, се подлабоко навлегуваат во видливи и нескриени распродажби на уште она што не одржува како народ – НАЦИОНАЛНОТО ЧУВСТВО,
а со тоа неповратно се впишуваат во четвртиот појас од деветтиот круг на Дантеовиот пекол каде се сместени ПРЕДАВНИЦИТЕ на ТАТКОВИНАТА!

Виолета Ковачевиќ

2 thoughts on “КОГА ВЛАСТА РАСИПУВА МЕСТО ДА ПРАВИ

  1. Почитувана, плени Ваше СЕ – бездруго, но и инспирира. Можеби на прв поглед “мојот коментар“, претенциозно речено за некои размисли, кои едноставно морам да ги споделам со Вас (ако го видите постот) и потенцијалните читатели, иако наизглед гневни, но преблаги во однос на она што го чувствувам по сознанијата, за кои и гулабите на Широк сокак стануваат свесни. Имено, дали ние Битолчани сме најголеми идиоти на земјава :
    – не испљачкаја како никој со Југобанка 1 млрд ДЕМ
    – не осакатија со транзицијата (Шеќерана, Фринко, Металец, Јавор, Прогрес, Битолатекс, Јавор, Нова Трговија…)
    – не дотепаа со ТАТ (20 самоубиства плус 50 покони од последици)
    – ни го зедоа чаламо и гордоста 2001
    – не правеа матуви со “по еден вработен“ и “живот а сите“
    – ни го испостраа најсветото вековно име, јазик, идентитет, историја, култура…
    И, пак за НИВ гласаме!?
    Ја видовте ли “носилката“ ли, носителката ли, скубаната, со УЧК симболот?
    Отидите до Св.Неделските гробишта и кажете те им на хероите ДОСТА Е!
    Време е и ние да се свестиме – НИКАТ ПОЌЕ!!

  2. Почитувана, плени Ваше СЕ – бездруго, но и инспирира. Можеби на прв поглед “мојот коментар“ претенциозно реченоза некои размисли, кои едноставно морам да ги споделам со Вас(ако го видите постот) и потенцијалните читатели, иако наизглед гневни, но преблаги во однос на она што го чувствувам по сознанијата , за кои и гулабите од Широк Сокак станаа свесни, Имено, дали ние Битолчани сме најголеми идиоти на земјава :
    – не испљачкаја како нико со Југобанка 1 млрд ДЕМ
    – не осакатија со транзицијата (Шеќерана, Фринко, Металец, Јавор, Прогрес, Битолатекс, Нова Трговија…)
    – не дотепаа со ТАТ (20 самоубиства плу 60 покојни од директни последици)
    – ни го зедоа чаламо и гордоста 2001
    – не правеа матуви со по “еден вработен“ и “живот за сите“
    – ни го испостраа најсветото вековно име, јазик, идентитет, историја, култура…
    И, пак гласаме за НИВ?
    Ја видовте ли “носилката“ ли, носителката ли, скубаната со УЧК симболи? Отидите до Св. Неделаските гробишта и кажете им на хероите ДОСТА Е!!!
    Време е да се свестиме – НИКАТ ПОЌЕ!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *