Сопругата на професорот Фрчкоски е новиот адвокат на Катица Јанева

Како што веќе знаеме, последниов период македонската јавност под будно око го следи случајот “Рекет“ во кој осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец, но и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

За случајот “Рекет“ многумина веруваат дека ќе го добие реалниот расплет и дека секој ќе си го добие тоа што го заслужува.

Информациите кои излегуваат во јавноста за многумина се изненадувачки, но за некои сето тоа што се случува е очекувано.

Последната информација која излезе во јавноста е во врска со адвокатот кој ја застапува специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Според последните информации Катица Јанева била приморана да бара нов адвокат кој ќе ја застапува, откако нејзиниот поранешен адвокат Стеван Павлески одлучил да остане бранител на бизнисменот Цветан Панделевски кој е осомничен од СЈО.

Новиот бранител на осомничената Јанева ни помалку ни повеќе е сопругата на професорот  и поранешен министер Љумобир Фрчкоски, Ирена Фрчкоска.

Фрчкоска најавила дека ќе направи увид на доказите со кои располага Обвинителството следната недела.

„Првин ќе направиме увид на доказите следната недела“ – изјавила кратко Фрчкоска.

На прашањето дали Јанева депонирала оставка во Советот на јавни обвинители таа изјавила дека нема такви информации како и дека не знае дали Јанева ќе го искористи своето право за поднесување тужба до судот, доколку истиот биде разрешен, можноста која и ја дава Законот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *