Амбулантата во РЕК Суводол секогаш на услуга на вработените

Здравствени работници кои ги заслужуваат најдобрите епитети

Др. Маргарита Талевски и сестрата Лидија Митаноска се грижат за здравјето на вработените во рудниците на РЕК Битола. Тие имаат најмалку по 30 пациенти дневно, со различни дијагнози – висок или низок притисок, повреди на работното место, дијабетис, лица со срцеви заболувања…

Потешките случаи, со вoзило во сопственост на ЕСМ, под нивна контрола, се транспортираат до Клиничката болница во Битола.

Во нивната ординација секогаш владее позитивна атмосфера, пациените влегуваат со болни гримаси на лицето, а заминуваат со насмевка.

Докторката и медицинската сестра се секогаш добро расположени, позитивни. гостопримливи, љубезни.

”Јас сум доктор со долгогодишно меѓународно искуство, а тука сум две години. До сега, сме интервенирале кај голем број ризични случаи и сме спасиле лица од сигурна смрт, посебно тие кои биле во прединфарктна состојба. Сме санирале доста повреди на лица кои се здобиле со повреди при работата. Амбулантата е отворена за сите вработени во Комбинатот, во сите годишни времиња и под секакви услови. Дежураме и за време на викендите”, вели Др. Маргарита Талевски.

Во рамките на амбулантата работи и заболекар, кој исто така е гостопримлив и љубезен, секогаш спремен да пружи соодветна стручна лекарска помош. Во РЕК Битола покрај оваа амбуланта има уште една амбуланта која е во склоп на ПЕ Термоелектрана.

Амбулантата работи секој ден, во работните денови , а дава дежурства за време на викенди и празници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *