Борче Димитровски: Петровска повторно импровизира

Градоначалничката Наташа Петровска пред некој ден, се одважи да излезе од 2 и пол годишниот карантин, но не со намера да даде одговори на вистинските прашања на граѓаните на Општина Битола.
Таа не одговори што се случи со ветените над 50 улици кои требаше да бидат асфалтирани до почетокот на 2020 та година, зошто доцни проектот пречистителна станица, ниту што се случува со гасификацијата на Битола… Напротив, се јави да ја замајува јавноста и да прави замена на тези на темата нова општинска установа од културата…Но и на оваа тема, таа не одговори зошто заткулисно, без дебата, анализа, јасен концепт и соодветни документи се брза да се формира таа институција која треба да менаџира со Офицерскиот дом и киното Манаки. Ваквото брзање, не може, а да не створи сомнеж за наводните чесни намери на власта, односно дали новата институција се прави за битолчани да уживаат во врвни културни и уметнички проекти или заради ситни партиски интереси и вдомување на партиски кадри. Градоначалничката Петровска, свесно ја замајува јавноста мешајќи ги термините сопственост и користење и соработка со други институции од културата, со цел да избегне одговори на вистинските прашања на граѓаните на Битола, оние кои и ја дадоа поддршката во 2017 та година… Градоначалничката Наташа Петровска наместо да брза со формирање на новата институција, треба да им објасни на граѓаните на Општина Битола, зошто од 14 ти април кога најави економски мерки за поддршка на битолското стопанство и граѓаните за полесно справување со кризата настаната од Ковид 19 и после изминати 1 месец и половина и 3 одржани седници на Советот, тие мерки не се предложени како точки на дневен ред, а исто толку пати предлог економските мерки на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не се поддржани од советниците од власта.
На крај навистина не знаеме со кое лице воопшто говори за продажба кога со доаѓањето на СДСМ на власт на централно и локално ниво, се е распродадено вклучувајќи ја и државата!

Борче Димитровски
советник Совет на општина Битола
од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *