Од утре променливо време и намалување на температурите

До крајот на денов во државава времето ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност. Особено дoлж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 22 степени.

Потоа од утре попладне се очекува појава на локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. Понестабилно ќе биде во вторник и во среда, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално ќе има услови за поинтензивни атмосферски процеси, застапени во форма на НЕВРЕМЕ.

Температурите на воздухот ќе бидат малку под просекот, односно ќе биде посвежо од вообичаеното и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, особено во вторник и во среда кога ќе биде и најсвежо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *