Во Турција никој не е над државата, овде ИВЗ категорична за вечерните молитви во џамиите и покрај рестрикциите

Мерките на Владата за одбрана на граѓаните од ширењето на заразата од корона вирусот, ВМРО ги смета за провоцирање тензии и конфликти меѓу населението и опасност полицијата да биде изложена во непосакувана улога. ИВЗ категорично соопшти дека ќе има вечерни молитви во џамиите, и покрај рестрикцијата на движење и ја обвинува Владата дека е тенденциозна против муслиманите и дека со тој потег ќе изгубат гласови на претстојните избори.

Веројатно поради овие обвинувања и уцени Владата, иако премиерот тврди дека никој не е над државата, е принудена да не ја прифати препораката од Комисијата за заштита од заразни болести за продолжен полициски час и повторува дека се категорични оти мерките, препораките, одлуките и уредбите со законска сила, важат еднакво за сите граѓани, вклучително и за верските заедници.

Во Турција никој не е над државата.Таму целосниот карантин трае полни четири дена.

поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *