ГРОЗДОБЕРОТ ПОЧНА; ЛОЗАРИТЕ НЕЗАДОВОЛНИ СО НАЈАВА ДА ЈА БОЈКОТИРААТ МАНИФЕСТАЦИЈАТА ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР

Лозарите најавуваат нови протести и блокади за време на манифестацијата Тиквешки Гроздобер, која викендов ќе се одржи во Кавадарци. Револтирани се од винариите, за кои велат дека продолжуваат да ги уценуваат со ниски цени за грозјето.

Тие се гневни што сеуште не го зеле ниту ланскиот денер по килограм откупено грозје, кои владата им го вети. Кавадаречкикот градоначалник Митко Јанчев вели дека со владата договориле тоа да се случи најдоцна до утре. Според Јанчев, интервентна владина субвенција ќе има.

И премиерот Зоран Заев вчера најави дека оваа мерка нема да биде помала од ланската. Поради падот на вкупните каматни стапки, заев вели дека исплатата на грозјето ќе биде брза, оти според калкулациите, визбите ќе земале поволни кредити за оваа намена.

Но, дел од лозарите не веруваат на ова ветување, вели претседателот на регионалното здружение Златко Стојчев.

Лозарите неколку дена собираа потписи за петиција. Со неа бараат винарската визба Тиквеш како најголем откупувач да ги корегира цените кои неодамна ги објави. Ако тоа не го стори, останатите визби да не го следат нивниот пример. Лозарите бараат итна помош од владата и општините од тикешијата, со нивно посредство да се дојде до разуми цени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *