СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС – ЧЕСТИТКИ ЗА РАМАЗАН БАЈРАМ ДО МУСЛИМАНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ СО ИСЛАМСКА РЕЛИГИЈА ВО СВЕТОТ

23 мај 2020 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) им го честита големиот празник Рамазан Бајрам на сите муслимани во Македонија и на сите Македонци со исламска вероисповед во светот.

Бидејќи Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милосрдие, нека ги исполни сите муслимани со добрина, милост, љубов и проштевање. Воспевајте го Бога, избегнувајте лоши мисли и насилство, со чиста мисла останете посветени на Бога!

И како што Светиот Архангел Гаврил како гласник на Бога ги прорекол раѓањата на Јован Крстител и Исус и му го дал Куранот на пророкот Мухамед, така и муслиманите и христијаните во Македонија, како лојални државјани, со обврска повеќе пред останатите во името на Бога, нека ги одржат моралните вредности на општеството, без алтернатива: мирот и љубовта наспроти војната и омразата; и почитувањето и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *