БИТОЛА; ПРВАЧИЊАТА СЕ ЕДУЦИРАА ЗА БЕЗБЕДНО ДВИЖЕЊЕ НИЗ УЛИЦИТЕ

dav

Во координирана активност на Советот за превенција при Општина Битола заедно со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП), во основното училиште „Даме Груев“ на провоодделенците им беа поделени едукативни материјали во фунција на зголемување на нивното знаење од областа на сообраќајот.

„Се радувам што имаме една ваква активност која што потврдува дека Советот за превенција во Општина Битола функционира онака како што е повикан да функционира. Она што Општина Битола го има како сообраќајно решение и е во функција на нашите ученици, е поставувањето на воздушни перничиња на улицата „Васко Карангелевски“ пред училиштето „Елпида Караманди“ и воздушните перничиња како соодветно сообраќајно решение кои ќе бидат поставени на улицата „Македонска фаланга“ пред Медицинското училиште во Битола. Дополнително ќе следуваат нови сообраќајни решенија за училиштето во Горно Оризари и токму во таа насока и треба да се движиме затоа што безбедноста на младите е пред се“, посочи градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска.

Претставниците од СВР Битола, Општина Битола и РСБСП разговараа со првоодделенчињата за правилното движење по тротоарите, начинот на преминување на улиците и др. Сепак и на таа возраст, децата забележаа дека возрасните не треба да ги паркираат автомобилите на тротоарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *