Потресна порака на мeдицинcкa cecтpa од Прилеп: Двajца прилепчани денеска ocтавиja coпpyги, дeцa, poдители!

Флорина Бошкоска, медицинска сестра во Инфективното одделение на градската болница “Борка Талески” во Прилеп на социјалните мрежи напиша:

Две нови жpтви денес во Прилеп. Оставија деца, сопруги, родители. Но, сепак тоа не е ништо, така?! Се шеташ по градов без маска или турната под нос, се собираш правиш седенки, затоа што ова е лага, нема кopoна.

Е сега да ви кажам нешто!

Јас незнам дали има кopoна или нема кopoна, дали е ова некој заговор за да не контролира некој. Јас единствено знам дека секојдневно гледам болни, гледам човечки судбини поради што неможам мирно да спијам.

Затоа ве молам, ако веќе не можете да издржите дома носете барем маски и држете дистанца да се заштитите себе си и другите. Да не заштитите нас медицинските работници кои сме веќе на крајот од силата.

Народе свестете се ова не е играчка, животи се во прашање!!!

НОСИ МАСКА И ДРЖИ ДИСТАНЦА!!!

Дали е ова толку многу комплицирано? Еден ден и ова ќе помине ќе се дружиме ќе се гушкаме. Само од нас зависи колку долго ќе треба да чекаме. А со ваква ниска свест каде ќе ни биде крајот. Бог да им подари царство небесно на сите жpтви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *