Силвана Ангелевска: Почитувањето на моралните и етичките норми не обврзуваат да бидеме разумни и одговорни

Почитувани граѓани, јас денес ќе Ви се обратам без маска, не затоа што сум несовесна и не ги почитувам препораките, туку заради тоа што сум убедена како кандидат за пратеник, дека треба пред Вас да излезам очи в очи, без маска и без никакво политиканство.
Овде сум пред Вас и сакам со Вас да споделам неколку мои размислувања и погледи, а и практично да покажам за кои ставови и принципи се залагам.
Овој пат имам да соопштам неколку работи:

  • убедена сум, дека ниту едно прашање и ниту една работа, не се поважни од здравјето и животот на еден човек.
  • убедена сум, дека Вие граѓаните на Битола, моите пријатели, моите студенти, моите деца, без исклучок во овие тешки времиња заслужуваат искреност, принципиелност и храброст, а не политички памфлети и ликови скриени зад маски.
  • убедена сум, исто така, во Вашата совесност и одговорно однесување и немам намера да Ви делам лекции како да се однесувате во овие тешки времиња и пандемиска криза.
  • убедена сум, се надевам за среќа на сите нас заедно, дека сепак разумот ќе надвладее кај сите и дека нема неразумно да бидеме втурнати во ситуација во која би го ризикувале највредното: здравјето и човечкиот живот.ВМРО ДПМНЕ има јасни позиции и тоа нема да го дозволи.
    Демократијата, пристојното однесување, традицијата, почитувањето на моралните и етичките норми сите не обврзуваат во ова време да бидеме разумни, приземни и најпрвин одговорни.
    Изборите се неминовност и ќе се случат, во првиот момент кога за тоа ќе се создадат пристојни услови, а Македонија ќе добие власт каква што заслужува.
    Во оваа прилика, сакам само уште еднаш да апелирам, дека криењето зад маските и политичките тиради, како обид да се атакува врз вашата слободна волја и размислување, почитувани граѓани, за мене е неприфатливо и еве јас си дозволувам да ви се извинам и во нивно име.
    Останете ми во добро здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *