Во возилото во Вардар немало патници, треба да се утврди како од паркингот на „Систина“ завршило во реката

Околу два и пол часа екипа од Противпожарната бригада на Скопје утрово го вадеше автомобилот што заврши во реката Вардар кај пешачкиот мост кај болницата „Систина“.

Во автомобилот марка „фолксваген поло“, според информациите од скопската Противпожарна бригада, немало патници и претходно бил паркиран на паркингот во кругот на болницата. Во Вардар автомобилот бил пропаднат околу 2,5 метри, пожарникарите што излегле на терен, како што велат од скопската Противпожарна бигада, над нивото на реката можеле да ја видат само антената. Кога го извадиле, автомобилот бил полн со вода и кал.

Увидот и истрагата треба да утврдат како возилото завршило во реката, односно дали некој се обидел да го украде.

Дека има автомобил во Вардар, утрово околу 8 часот во полиција пријавил случаен минувач.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *