Граѓаните реагираат за високите сметки за струја ЕВН се правда дека не вршеле мерење на броилата!

Пролетни сметки со суми како за зимските месеци. На драстично повисоки сметки за струја во ек на здравствена и економска криза, се пожалија голем број граѓани. На, сметките кои ги покажаа може да се забележи дека сметката за месец март им изнесувала 2 156 денари, додека онаа за април, кога реално не беше потребно дополнително загревање е дури тројно повисока, односно стигнува сума до 100 евра.

Голем број поплаки од револтирани граѓани стигнале и до Регулаторната комисија за енергетика.

„Имаме одреден број поплаки стигнато и до РКЕ, ние неколкупати ја известиме јавноста дека секој потрошувач има право на самоисчитување, самиот да си ја прочита состојбата на своето броило и да ја достави до снабдувачот и сметката веднаш ќе му биде коригирана. Дополнително направивме сериозен притисок до ЕВН да објави веб алатка односно апликација на која секој потрошувач ќе може електронски да си ја достави својата потрошувачка.“вели Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Од ЕВН пак енормната разлика во сметките ја правдаат со тоа дека во овие месеци додека трае ситуацијата не вршеле мерења на броилата. Портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски за Канал 5 уверува дека ќе следи порамнување во следните месеци.

– Има корисници кои во јануари и февруари добија претпоставена потрошувачка, таа можеби била за некој процент пониска од она што реално го трошеле, нормално ако следниот месец добијат повтроно претпоставена потрошувачка, во месец март ќе добијат помала од што реално трошат, а во март седевме дома, мали бизниси беа затворени, а потрошувачка беше на исто ниво, што значи потрошувачката од кај бизниси сега е кај граѓани, кога ќе се случи во мај да отчитуваме ќе имаме реална и затоа некои корисници добиле по 5 илјади и тука не може корекција, затоа што претходно не побарале корекција кога добиле помали сметки, ВЕЛИ Атанас Ковачевски, ЕВН.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *