Ваучери за поддршка на ученици и студенти до 29 години

Три типа парична поддршка за средношколци, студенти и млади до 29 години, објави денеска министерот за образование Арбер Адеми. Како што кажа тој, станува збор за ваучери, во рамки на третиот сет економски мерки.

Првиот тип на ваучер, со еднократен износ до 6.000 денари ќе се доделува за студенти и средношколци од семејства со ниски примања, а средствата ќе се користат за покривање партиципација за студирање и сместување во ученички домови и приватни сместувачки капацитети.

Вториот тип е домашна платежна картичка од 3.000 денари, наменета за студенти, а ќе се користи за купување домашни производи и услуги од сектори најпогодени од кризата.

Третиот тип ваучер, во максимален износ до 30.000 денари, наменет за млади до 29 години, за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини.

Спроведувањето на мерката се најавува за крајот на јуни и почетокот на јули, а начинот за апликација, како што рече Адеми, наскоро ќе биде објаснета.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *