Во Израел патентираа маска со отвор за јадење

Израелски стручњаци развија нов тип на маска за заштита од корона вирус со далечинска контрола на отворот кој овозможува земање храна без симнување на маската од уста, а тој изум може да го направи посетувањето на ресторани помалку ризично.Со стискање на рачка слична како кочницата на велосипед, се отвора маската на предниот дел при што може да се јаде.„Маската по механички пат се отвора рачно или автоматски кога ќе и ја приближиме вилушката“, објаснува Асаф Гителис, потпретседател на фабриката Автипус патенти и изуми, демонстрирајќи ја употребата на маската во својата канцеларија во Тел Авив.

Meir Gitelis, co-developer of an Israeli company, eats while wearing a mask fitted with a mechanical mouth that opens to enable diners to eat without taking it off, as the coronavirus disease (COVID-19) restrictions ease, at Avtipus Patents and Inventions lab in Or Yehuda, Israel May 18, 2020. REUTERS/Amir Cohen – RC21RG9C14RM

Низ предвидениот отвор може да се јаде и да се пие, а кога вилушката ќе ја извадите од уста, маската повторно се затвора, па така корисникот ги штити другите од пренесување на вирусот.Производството може да почне во рок од неколку месеци, а мислењата на луѓето на кои им е покажана новата маска како функционира се различни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *