ОФИЦИЈАЛНО: Фудбалот се враќа во Европа

Вчера фудбалот се врати на едно од најдобрите првенства на Стариот континент. Германската Бундеслига ги продолжи натпреварите, иако пред празни трибини, поради пaндeмијaтa на KOВИД-19. Надежта е дека наскоро ќе можеме да гледаме натпревари од повеќето други европски првенства.

Сè уште нема официјални датуми за продолжување на шампионатите во Англија, Италија и Шпанија, но сите три Лиги работат на обновување на натпреварите до средината на јуни. „Проектот рестарт“ за Премиер лигата се надева дека првиот натпревар ќе може да се одигра на 12 јуни. За истиот ден се бopaт во Ла Лига, додека во Италија се надеваат дека тоа може да се случи еден ден подоцна – на 13 јуни.

Единствено од петте најдобри првенства кое нема да заврши е Лига 1 на Франција, каде веќе ставија крај. Слична е ситуацијата во Белгија, Холандија, Кипар и Малта.

Сепак, во 13 други земји, покрај Германија и Фарските острови, каде веќе се рестартирани првенствата, веќе има специфични датуми за продолжување на дуелите, освен ако, се разбира, не се случи итна состојба поврзана со инфwкцијaтa.

Датумите се официјални, а во наредните денови повеќе земји треба да изготват специфичен распоред за обновување.

Распоред:

Естонија – 19 мај
Чешка – 23 мај
Унгарија – 23 мај
Данска – 28 мај
Полска – 29 мај
Израел – 30 мај
Србија – 30 мај
Албанија – 2 јуни
Австрија – 2 јуни
Бугарија – 5 јуни
Хрватска – 5 јуни
Романија – 5 јуни
Исланд – 13 јуни

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *