ПОЧНУВА УЧИЛИШНАТА ГОДИНА Синдикатот повика на предупредувачки штрајк, Министерството за образование на настава

Според СОНК, синдикатот на наставниците и професорите од основните и средните училишта денеска треба да се одржи предупредувачки штрајк од кој ќе се испрати пораката за зголемување на платите вообразованието за најмалку 25 отсто. Од Министерството за образование велат дека од септември ќе се зголемат платите за 5 отсто, а следуваат и наредни зголемувања.

Од СОНК информираат дека денеска учениците немаат обврска да присуствуваат во училиштата на првиот ден во новата училишна година 2019/2020.

Најзбунети се родителите на првачињата – да ги носат децата на училиште или не.

Преговорите на синдикатот со Министерството за образование не дадоа резултат. Тие се согласуваат дека платите на наставниците и професорите треба да се зголемат, но не се согласија со тоа – кога.

Синдикатот за образование, наука и култура велат дека учебната година ќе почне на 3 септември, во вторник. Ова е само предупредувачки штрајк, велат од синдикатот, ако до крајот на месецов не се договориме со МОН за зголемување на платите за 25%, ќе организираат  генерален штрајк.

Министерот Арбер Адеми вчера ги повика директорите и наставниците да се подготват за денешниот прв училишен ден, затоа што, како што рече, едукацијата на учениците не треба да има застој, а особено не треба да се дозволи разочарување на првачињата кои првпат ќе седнат во училишните клупи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *