Парадоксот на власта

Иако темава за короната е апсолвирана до егзистенцијално ниво и несомнено речиси 100% го окупира животниов простор, навистина многу реално се наметнува прашањето зошто, со толкава доза на неверојатната упорност и силување, власта во заминување, упорно прокламира брзопотезно, да не речам итно, организирање на избори?!

Нивната очигледна заглавеност во безидејност, криминал, неспособност, ме поттикнува да кажам неколку мои размисли околу темава…

Прво :

Мина ли ПИКОТ?

Зашто ако не е, како може а да не се помисли на фактот дека на близу 3500 избирачки места каде СТАЦИОНАРНО ќе престојуваат најмалку 14 (а може и повеќе) часа, над дузина луѓе (избирачкиот одбор брои 10 лица, а тука се плус лицата кои ја претставуваат контролата од страна на политичките партии и секако неминовните НВО и останати набљудувачи), а избори не се ИЗБОРИ ако нема огромен број на гласачи,… и сето тоа во простории каде СОЦИЈАЛНАТА ПРЕПОРАЧАНА ДИСТАНЦА не да не е изводлива, туку е и апсурдно невозможна!

( да не ги земам во предвид сите заштитни мерки и средства кои треба максимално да бидат обезбедени : маски, ракавици, дезинфекциони флуиди,……ЗА СИТЕ!)

Второ:

Еве и кога на мускули би го протуркале нивниот 14 јуни за изборен ден, многу ме интересира како на народот ќе му ги објаснат МОМЕНТАЛНИВЕ забраните на секаков вид на колективни збиднувања и социјални контакти, и тоа на начин на кој сите сме сведоци, односно дека единствен виновник за рушење на здравствената одговорност е токму тој – народот и неговото „непридржување и несериозност“.

Не размислува ли ВЛАСТА колку парадоксално изгледа во очите на гласачите да им се наметнува чувство дека ТАА се грижи, а од друга страна, ИСТАТА ТАА, бескрупулозно ГИ турка истите во здравствен колапс.

И трето:

Несакајќи да сум антагонистички расположена кон речиси комплетната политика на оваа власт и како личност во чија основа секогаш има место за конструктивност дури и кога шансите за неа се минијатурни, овој пат, навистина не гледам ни сноп светлина на другата страна на тунелот, доколку со оваа гарнитура на власт треба да го минеме патот до излезот.

И да, избори мора да има, но не по цена на здравјето на МАКЕДОНИЈА, а за сметка на „туѓи бели дворови“.

Пишува: Виолета Ковачевиќ

1 thought on “Парадоксот на власта

  1. Почитувана Редакцијо, невообичаено Вам ви се обраќам, а не на авторот, прекрасната В.К. затоа што текстот е formidable, што велиме Битолчани. Стилски, содржајно, аналитички… а најубаво е што во наплив на “писанија“ на оваа и сл. теми, многу ретко се издигнуваат над вообичани елаборации, да не бидам груб со обидите на авторите да се произнесат во овие “волнени времиња“.
    Оваа мини студија е токму тоа, сублимат на се што сме помислиле или рекле, некаде – некогаш. Секоја чест за Вас, што сте го објавиле текстот, на наше уживање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *