ВМРО-ДПМНЕ: ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА БИТОЛА ОСТАНУВА ВО КАРАНТИН

Градоначалничката Наташа Петровска со неприсуството на вонредната седница на Советот на општина Битола, свикана на нејзина иницијатива покажа најпрвин непочитување кон граѓаните, од кои ја доби довербата, непочитување во континуитет на институцијата Совет, непочитување на Центарот за јавно здравје и крајно непочитување кон најголемиот донатор Кромберг и Шуберт.
Во оваа прилика сакаме да потенцираме дека одлично е што Битола, единствена надвор од Скопје, ќе добие можност за тестирање на граѓаните од вирусот КОВИД 19, со надоградување на лабараторијата која што успешно функционира од 2015 година, ние тоа како советничка група го поддржавме, но останува горкиот вкус дека “карантинот” на Наташа Петровска продолжува, не прави ништо, како и во целиот досегашен мандат наназад, а во ова време кога светот е мобилизиран заради пандемијата, единственото што го прават претставниците на власта во Советот, се “мобилизираат”, колку знаат и умеат, да го релативизираат и покријат неработењето и неодговорниот однос на градоначалничката. Убедени сме, дека тоа се обиде, иако не многу вешто да го направи и претседателот на Совет Валентин Груевски од немајкаде.
На граѓаните на општина Битола им посакуваме добро здравје, со вистинско уверување дека работите во Битола заедно ќе ги промениме.

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата,
Совет на општина Битола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *