Кој ќе одговара за погрешниот тест за корона кај 19-годишното момче од Кичево?

Нема да се откажеме, ќе ја бараме правдината до крај, велат родителите на деветнаесет годишното момче од Кичево кое повеќе од два месеци се влечеше по болници каде лекарите од Кичево,Охрид и Скопје го лекуваа без точно утврдена дијагноза – а Институтот за јавно здравје го водеше како позитивен. Момчето кое мина низ кошмар, дискриминирано од средината, министерството за здравство пред два дена го прогласи за „статистичка грешка“ односно за негативен на КОВИД 19. Неговите најбиски кои цело време тврдеа дека момчето било 4 пати тестирано на коронавирус и оти сите резултати биле негативни,најавуваат дека ќе бараат одговорност за голготата.

-Јас од ова не се откажувам,пациент позитивен на тест и за 23 часа да покаже негативен, јас не можам да верувам во здравството.Од 12-ти ако сме се движеле ние со пациент позитивен на коронавирус,значи пола од градот Кичево требаше да биде затворен и ставен во изолација затоа што ние, јас мојот внук и мојата фамилија шетавме слободно, вели Спасе Дамјаноски .

Голготата почнала на 17-ти февруари, момчето било лечено од грип, но бидејќи неговата здравствена состојба се влошила отишол на интерното одделение во кичевската болница, каде поради специфичната клиничка слика,со знаци на пневмонија, на 6-ти април бил префрлено на инфективното одделение во охридската општа болница. Таму, во рок од 24 часа бил два пати тестиран. По негативните наоди охридските доктори дале упат лекувањето да ги продолжи во болницата во Кичево,но таму одбиле да го хоспитализираат.

-Нас ни е наредено момчето да го донесеме во станот каде што живеат таткото, мајката, двајца браќа,снаата и девојчето помало. Не е примен на 12-ти во општа болница Кичево, туку во еден обичен контејнер му е дадена инфуција во 21 ча навечер.Значи што видов на 12-ти и што се случуваше во Кичево со нас како фамилија јас не верувам во здравствениот систем фактички во општата болница во Кичево- раскажува Дамјаноски.

Агонијата го донесе момчето до скопската болница ‘’8-ми Септември” каде две недели беше лекуван од белодробно заболување. А неговото семејство остана 14 дена во домашна изолација оти според ИЈЗ детето се водеше како позитивно на КОВИД 19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *