На денешен ден: Згасна животот на осум македонски херои во „Диво насеље“

Денес се навршуваат пет години од кобниот 9 мај 2015 година и антитерористичката акција во Куманово во тесниот и густо населен урбан дел на приградската населба „Диво Насеље“, дел од градската месна заедница „Тоде Мендол“, во близина на автопатот Е75, која започна рано утрината во 04.30 часот во саботата на 9 мај и траеше непрекинато 28 часа, сè до 10 часот во неделата на 10 мај.

Антитерористичката акција заврши со победа на македонските специјални сили и целосно неутрализирање и елиминирање на терористичката група, од која дел ѝ се предаде на македонската полиција.

Од страна на македонските безбедносни сили загинаа осум припадници на специјалните единици на македонската полиција, а беа повредени дури 37 полициски специјалци во уличните борби низ тесниот и густо населен урбан дел на приградската населба во Куманово.

Во антитерористичката акција од страна на припадниците на македонските специјални полициски единици од Диво Насеље беше евакуирано цивилното население кое живее на наведените улици каде што се одвиваше акцијата.

Во антитерористичката акција на македонската полиција осуммина македонски херои го положија својот живот во одбрана на Татковината:

– Жарко Кузмановски (роден 1981), од с. Брвеница, Тетово,
– Ненад Серафимовски (роден 1987), од с. Зубовце, Гостивар,
– Сашо Самојловски (роден 1982), од с. Брвеница, Тетово,
– Бобан Ивановиќ (роден 1968), од с. Стајковци, Скопје,
– Горан Илијевски (роден 1974), од Гостивар
– Исамедин Османи (роден 1983), од с. Студеничани, Скопје,
– Љубиша Аранѓеловиќ (роден 1966), од Скопје,
– Горан Стојменовиќ (роден 1970), од Миладиновци, Скопје .

Денес 09.05.2020 година е тажен ден за Македонија, за семејствата, роднините, пријателите и колегите на загинатите припадници на специјалните единици на Македонската Полиција од антитерористичката акција во Диво насеље во Куманово во 2015 година.

Загинаа за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија…

Овој датум и овие Херои вечно ќе останат запишани во најновата македонска историја.

Слава Ви браќа! Амин…

Хероите живеат вечно!

Сите даваме по нешто, некои дадоа се!

Единица За Брзо Распоредување
Единица за специјални задачи ТИГАР

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *