Ацо Јоноски донираше респиратори во Струга

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Ацо Јоноски направи голем потег во неговиот роден град Струга.

Јоноски кој денес е тренер во германскиот третолигаш Ратинген не ја заборави Струга во време на пандемијата со коронавирусот. Имено, тој донираше два респиратори во болницата во Струга.

Болницата во Струга до сега немаше ниту еден респиратор, па сега Јоноски ја опреми со два. Покрај респираторите тој донираше и еден тубс за интубација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *